Властите на Сиднеј објавија дека за овој град имаат големи, амбициозни планови. Австралискиот град со најмногу жители во наредните 20 години ќе се подели на три целини, односно на три посебни градови.

Овој радикален план го носи името „Метропола на трите градови“ и него го објави владината агенција задолжена за поделба на земјиштето.

Поделбата на Сиднеј на три градови би можела да ги реши проблемите со пренаселеност, исклучително високите цени на становите и сѐ поголемиот проблем со сообраќајот. Со новите измени се очекува граѓаните да имаат полесен пристап до нивните домови, работни места и јавните услуги.

loading...

„Сакаме нашите граѓани да имаат квалитетен живот и затоа сакаме да им го овозможиме тоа на нив“, рече претставник на комисијата за CNN.

Популацијата на Сиднеј за 40 години би можела двојно да се зголеми, а до 2056 година се претпоставува дека во овој град ќе живеат 8 милиони жители. Повеќе од половина од целосната популација живее на популарниот Источен брег, каде се наоѓаат и знаменитостите по кои е познат овој град, плажата Бонди и Сиднејската Опера, но тука се сместени и аеродромот и централниот бизнис дел на градот. Поради тоа овој град се соочува со пренаселеност и тешко е да се дојде од еден до друг крај на градот.

Со креирањето на три градови наместо еден, официјалните власти на градот се надеваат дека ќе ги убедат жителите дека не е страшно ако се преселат на различни локации. Стратегијата „Град во 30 минути“ е замислена така што граѓаните на Сиднеј ќе можат да стигнат до најблискиот центар само со помош на јавен превоз. За тоа да биде овозможено ќе треба да се воведат различни видови на јавен превоз, како и нови патишта и нови железнички станици.

Покрај тоа, секој од трите нови градови ќе биде поврзан со останатите два со помош на нови линии и така заедно ќе претставуваат една целина – Новиот Сиднеј.

Секако, ова не може да се случи преку ноќ и најпрво властите треба да ги убедат граѓаните дека се работи за добра идеја. Владата досега не објави колку пари е спремна да вложи во овој проект, но напомена дека иако „Метрополата на трите градови“ би бил скапа инвестиција, многу проблеми би се решиле со оваа измена во најголемиот град на Австралија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here