Бразилскиот фудбалер Нејмар е познат по „тркалањето“ на теренот кога и да почувствува најмал удар, а и по симулирањето, но се чини дека на ова Светско првенство претера.

Од него видовме сѐ на Мундијалот, прво нови фризури, потоа некои добри потези, дури постигна и два гола, но оваа статистика е нешто по кое тој, засега, се издвојува од останатите.

Како што пренесува швајцарски РТС Спорт, Нејмар на тревникот поминал вкупно 14 минути, во текот на сите натпревари, воглавно симулирајќи повреда. Вистина е дека често е фаулиран, го изедначи рекордот по бројот на претрпени прекршоци, но тоа не го оправдува неговото однесување.

loading...

Најголем допринос во тие 14 минути Бразилецот имаше кога по стартот на мексиканскиот фудбалер Мигел Лајун, остана на тревникот цели пет ипол минути…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here