Дербито на Валенсија донесе големи возбудувања, четири гола, три стативи, неколку идеални шанси и еден црвен картон. Енис Барди беше еден од најдобрите на теренот.

 

loading...

Леванте поведе уште во 13. минута преку Роџер, но водството на домаќините траеше само три минути бидејќи Черишев го изедначи резултатот на 1-1.

 

Во 33. минута фантастична асистенција на Енис Барди до Марти Роџер кој постигнува уште еден гол за ново водство на Леванте, овој пат од 2-1.

 

Пред крајот на првото полувреме Барди изведе фантастичен слободен удар од голема далечина, но голманотна Валенсија со крајни напори успеа да одбрани.

 

По седум минути игра во второто полувреме сосема непотребен прекршок на Тоњо во својот шеснаесетник. Судијата покажа на белата точка, а Дани Парехо реализираше за изедначување на 2-2.

 

На 15 минути до крајот Леванте остана со фудбалер помалку откако Коке зработи втор жолт картон. Валенсија имаше неколку шанси во финишот но не ја искористи надмоќта на теренот.

 

Нерешените 2-2 се најреалниот резултат на натпреварот.

 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here