Велшката ѕвезда во Реал Мадрид, Герет Бејл призна дека е луд на Европската фудбалска унија (УЕФА) затоа што неговиот гол со ножички во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул (3-1) не се најде во изборот на најубав гол во сезоната.

УЕФА пред три недели ги избра ножичките на Кристијано Роналдо против Јувентус за гол на сезоната, но погодокот на Бејл, иако беше и клучен за победата на „кралевите“ за трета титула во низа во ЛШ не се најде во изборот на 11-те најубави погодоци.

loading...

„Не можев да поверувам дека мојот гол не е на листата. Бев многу лут. Сакам да знам, кој тоа ги бира најубавите голови. Дали е подобар од тој на Роналдо? Не е на мене да го кажам тоа“, рече Бејл.

Тој посочи дека по заминувањето на Роналдо во Јувентус летово, атмосферата во Реал е поопуштена, но…

„Очигледно е дека сега во Реал е поинаку, зошто немаме така голем фудбалер во тимот. Точно е дека сега е поопуштено, дека сега имаме повеќе тим, дека работиме еден за друг и дека не се врти сè околу еден фудбалер“, додава Бејл.

Велшанецот беше херој на Реал со два гола во финалето против Ливерпул за историски хет-трик во мултимилионското друштво, кое утре стартува со новата сезона.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here