Основачот на американската компанија „Амазон“, Џеф Безос (54) стана најбогатиот човек на светот во поновата историја, со богатство од 150 милијарди долари, објави агенцијата „Блумберг“.

Се смета дека богатството на неговиот најголем конкурент за позицијата најбогат човек на светот, кој се наоѓа на втората позиција, основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс изнесува 55 милијарди долари помалку. На трето место се наоѓа Ворен Бафет со 83 милијарди долари.

Извештај на Управата за федерални резерви  на САД покажува дека во 2016 година најбогатите еден отсто од американските семејства контролирале 38,6 отсто од богатствата во САД, а 90 проценти од долниот дел на листата контролирале 22,8 отсто од богатствата.
loading...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here