Боливиската авиокомпанија LaMia е главниот виновник за смртта на фудбалерите на бразилскиот клуб Чапекоенсе и треба да ја преземе целата одговорност за тоа, се вели во заклучокот од извршената истрага за авионската несреќа во која загинаа 71 лице.

На 28 октомври 2018 година фудбалерите на Чапекоенсе патуваа кон колумбискиот град Меделин за да го одиграат финалето од Копа Судамерикана, но авионот во кој патуваа се сруши во градот Ла Унион и во авионската несреќа загина скоро целиот тим и стручниот штаб на Чапекоенсе.

Загинаа вкупно 71 лице, од кои 19 беа фудбалери на Чапекоенсе. Преживеаја само тројца играчи – Иан Рашел, Џексон Фолман и Нето.

loading...

Колумбиската воздухопловна агенција водеше истрага скоро една и пол година, а сега откако беше завршена истрагата беше докажано дека авиокомпанијата LaMia е виновникот за несреќата, бидејќи сакала да заштеди гориво наместо да се погрижи за безбедноста на патниците.

„Авиокомпанијата LaMia свесно го оставила авионот да патува со помала количина гориво отколку што му е потребно. Иако во текот на летот било забележано и утврдено дека нема да има доволно гориво, LaMia не направила ништо за авионот да слета на некој аеродром и да дополни гориво во резервоарот“, изјави водачот на истрагата, Мигуел Камачо.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here