По дводневните шпекулации за трансфер на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус, една од најдобро упатените фудбалски емисии во Шпанија, „El Chiriguito“ попладнево објави „бомба“ поврзана со Португалецот и италијанскиот шампион.

Имено, според новинарите на мадридската телевизија Реал Мадрид ја прифатил понудата од Јувентус од 100 милиони евра и Роналдо треба само да ги договори личните услови со гигантот од Италија за трансферот да стане официјален.

loading...

Португалецот треба да добие четиригодишен договор тежок 120 милиони евра и да стане најскап фудбалер во историјата на клубот од Торино. Роналдо и пред повеќе од една деценија беше многу блиску до трансфер во таборот на „старата дама“, но до трансферот не дојде заради одбивањето на Марсело Салас да биде дел од трансферот меѓу Јувентус и Спортинг Лисабон.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here