Многу светски познати милијардери се и родители кои своите деца ги одгледуваат како и сите други нормални луѓе, но само со неколку нули повеќе на сметката.

Децата на овие милијардери по многу нешта имаат слично детство со останатите свои врсници од цел свет, но исто така, отворени им се некои врати кои за останатите не се баш ни достапни.

Now we're ready !

A post shared by Mark Cuban (@mcuban) on

loading...

Американскиот бизнисмен Марк Кубан има три деца – АлексисАлиса и Џејк, кои живеат во луксуз каков нивните врсници можат да гледаат само на филм. Се возат во приватни автомобили, летаат на луксузни места, а кога им е досадно, тато ги носи во Дизниленд.

I just want to rolly rolly rolly with a dab of ranch @disneyland

A post shared by Mark Cuban (@mcuban) on

新年快乐! Happy New Year!

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck) on

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг има две ќерки – Максимa и Август. Марк е прилично посветен на своето младо семејство, а во декември минатата година се повлече од работа за да поминува повеќе време со нив. Фејсбук како компанија, инаку, дава породилно боледување еднакво и за татковците исто како и за мајките.

Carousels have gotten a lot more awesome since I was a kid.

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck) on

Илон Маск има пет сина со својата прва сопруга Џастин Вилсон. Нивното прво дете, девојче, беше родено мртво, а потоа парот, по пат на вештачко оплодување во 2004 година, ги доби близнаците Грифин и Ксавиер, а две години подоцна и тројката ДемијанСаксон и Каи.

Piggyback rides around the Opera House

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

Маск за своите клинци има создадено тајна експериментална школа Ad Astra, за која малку се знае во јавноста, пишува Business Insider.

Милијардерот Ричард Бренсон има две возрасни деца – Холи и Сем. Холи заврши медицинска школа, а потоа почна да работи во организацијата од својот татко. Иако одлично се најде во бизнис светот, Холи имаше големи проблеми со обидите да стане мајка. После два спонатани абортуса и две пропаднати вештачки оплодувања, Холи и нејзиниот сопруг Фреди Ендрус во 2014 година станаа родители на близнаци.

Idyllic family bank holiday time.

A post shared by Holly Branson (@holly_branson) on

Таа инаку живее одличен активен и динамичен физички живот – се има искачено на Мон Блан, трча маратони, се обиде да сруши рекорд во едрење, а се пријави и за патување во вселената.

Нејзиниот брат Сем во 2013 година, во речиси „кралска“ венчавка, се ожени со сопругата Изабела, а досега имаат три деца. Исто како и сестра си, и тој работеше во бизнисот од нивниот татко, а основаше и сопствена продукциска компанија Sundog Pictures.

Missing my adorable favorite person already. 💗

A post shared by Jennifer Katharine Gates (@jenniferkgates) on

Бил Гејтс има три деца – ЏениферРори и Фиби. Најголемата Џенифер студира биологија и планира да се посвети на здравствената професија или на социјална работа. Се занимава и со јавање во кое има освоено многу награди, а Бил во една прилика купи цела улица во Велингтон, на Флорида, за неговата миленичка да има каде да вежба со коњот. Тоа го чинеше 37 милиони долари, пишува Business Insider.

Happy #nationalselfieday, everyone! (And thanks, Phoebe, for keeping us young.) #selfieday

A post shared by Melinda Gates (@melindafrenchgates) on

Рори неодамна наполни 18 години, а заврши приватна школа во која моментално учи и неговата помала сестра Фиби. Иако нивниот татко „тежи“ повеќе од 90 милијарди долари, децата од Гејт ќе наследат само мал дел од тоа богатство, додека остатокот тој планира да го даде во добротворни цели.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here