Со Косово и со сите земји од соседството внимателно ги нормализираме односите и разговараме. Реагиравме во Брисел за прекршувањата на Договорот од ЦЕФТА, вели министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Тој за 1ТВ ја соопшти најновата вест дека Приштина веќе се повлекла од одлуката за зголемени царини на 16 македонски производи.

-Она што го знам од една минута пред влегувањето во емисијата е дека за 16 производи од листата Косово има донесено одлука за повлекување. Повеќе детали ќе дознаеме, по сите напори и чекори што ги направивме, во следните неколку часа, рече Николовски и рече дека се уште трае седницата на косовската влада, по која се очекуваат официјалните информации.

loading...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here