Еден од најтиражните германски весници „Билд“ ја прогласи Хрватска за најуспешната земја на светот, посочувајќи во својот избор дека државата со 4,2 милиони жители што е нешто повеќе од Берлин (3,5 милиони жители) има такти спортски успеси поради кои го заслужува ваквото ризнание.

Изборот „Билд“ го направил според резултатите на „коцкестите“ во изминатите години речиси во сите спортови, освоените бројни олимписки медали, успесите на европски и светски првенства.

„Хрватска глобално игра значајна спортска улога, сооглед на својата големина и може слободно да се каже дека е најдобра спортска земја на светот“, пишува „Билд“.

loading...

Хрватските ракометари освојуваа медали на сите големи натпреварувања, фудбалерите имаат една бронза, ватерполистите се во врвот на овој спорт, кошаркарите имаат одличја од минатото, а како врвни спортисти се посочени Горан Иванишевиќ во машка со освоениот Вимблдон во 2001 година и Јаница Костелиќ, олимписката и светска шампионка во скијање.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here