Сигурно сте ја забележале најновата функција на „Гугл Мапс“ со помош на која можете да ја видите реалната оддалеченост меѓу две точки. Алатката е достапна и за „Андроид“ и за iOS, а за оддалеченоста меѓу две точки можете да се информирате и ако ја рагледувате мапата на „Гугл хром“ пребарувачот. Освен тоа, алатката овозможува и мерење на површината, потребно е само да се спојат почетната и крајната точка.

За да ја искористите новата алатка во „Гугл хром“, треба да кликнете на некоја локација со десен клик, во новоотвореното прозорче имате опција „измери ја оддалеченоста“ (Measure distance). Потоа кликнете на локацијата од каде сакате да тргнете и на крајната дестинација. Ако линијата е права, „Гугл“ ја пресметал воздушната оддалеченост, но ако меѓу двете крајни точки додадете уште неколку, можете да го исцртате патот и да ја пресметате реалната оддалеченост. Притоа, на дното на екранот ќе ви биде прикажана оддалеченоста. На истото место ќе се појави и површината кога ќе ги споите почетната и крајната точка.

Во апликациите алатката можете да ја најдете во многу лесно. Пронајдете ја локацијата од која сакате да тргнете, а потоа во менито одете на „Насоки“. Додајте ја почетната точка и кликнете на нејзе. Тогаш ќе ја видите реалната оддалеченост меѓу точките.
Фото: Tportal

Оваа алатка може да им послужи на наставниците и професорите и на сите оние кои се интересираат за оддалеченоста меѓу две точки. На пример, самите можете да си видите колкава е оддалеченоста меѓу вашиот дом и работното место, а можете и да ја измерите површината на парцелата која сакате да ја купите.

loading...

Сепак, треба да знаете дека пресметаната оддалеченост не е 100 отсто точна бидејќи теренот не е рамен, а на патот има разни препреки.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here