Во Кривичниот суд во Скопје денеска му беше изречена казна на поранешниот премиер Никола Груевски за предметот „Тенк“.

Во случајот „Тенк“ покрај Груевски, обвинети се поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Постапката за третообвинетата Јанкулоска беше издвоена поради „ризична бременост“, и за неа рочиштето е закажано за 28 јуни.

Второобвинетиот, поранешниот премиер Никола Груевски доби казна затвор од 2 години, а Ѓоко Поповски доби 6 години и 6 месеци.

loading...

Судијката Добрила Кацарска при изрекување на пресудата кажа дека двајцата осудени треба во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата да ја надоместат штетата настаната во овој случај.

Тројцата се обвинети за набавка на службен Mercedes од 600.000 евра. Груевски не присуствуваше на читањето на пресудата во Кривичниот суд.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here