Ване Цветанов
Истава жена, (ако може да се нарече така), бараше притвор и за бремени жени.
Заради нејзината злоба се случија спонтани абортуси во притвори, а починаа и многумина со многу тешки болести, кои во никој случај не смееше да бидат притворени. Но судиите од нејзиното тефтерче одредуваа притвори и осудија многу невини.
Сега, креаторот на системот за груби газења на човековите права, се повикува на човекови права.
Нека и е со среќа бременоста, но тоа не е изговор да избегне соочување со доказите за основани сомненија поврзани со злосторства направени од нејзе.
Не е проблем таа лично, проблемот е што се обидува да спречи обелоденување на еден монструозен систем.
Граѓаните мора да ја дознаат вистината за сите зла, за да се изгради свест и превентивен систем, за никогаш да не се повтори тоа зло.
А доколку има нешто човечко во нејзе, и ако мајчинскиот инстинкт и е посилен од интересите на Груевски, нека појде во СЈО и нека се пријави за заштитен сведок
loading...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here