Шведска подготвува брошури за граѓаните со совети како да потапат во случај на криза, вклучувајќи војна, и ќе ги дистрибуира до врата на 4,8 милиони домаќинства.

Брошурата од 20-тина страници со наслов „Во случај на криза или војна“ има за цел „подобро да ги подготви“ граѓаните во случај јавните служби да бидат ослабени од временски непогоди, инциденти, хакерски напади, или во најлош случај, војна, соопшти Агенцијата за цивилна одбрана.

Материјалите ќе бидат дистрибуирани за време на Неделата за подготовка за итно реагирање од 28 јуни до 3 јули. Брошурата ќе биде достапна и во електронска форма на шведски, англиски и уште повеќе од десет други светски јазици.

loading...

Во брошурата има информации за тоа што треба да содржи кутијата за вонредни ситуации, како конзервирана храна, а на граѓаните им се советува да имаат кеш при рака во случај да не работат банкоматите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here