Иако во последните неколку години имаше неколку ситуации со самозапалување на Lamborghini, сега за пожарот постои друг виновник.

Lamborghini Huracan Performante се запали на една бензинска пумпа во САД, додека неговиот сопственик плаќаше гориво.

Случајните минувачи кои забележаа како возилото наеднаш почнува да гори, веројатно помислија дека станува збор за самозапалување – што само по себе не би било необично за едно Lamborghini, со оглед на тоа дека такви ситуации веќе се забележани ширум светот.

loading...

Меѓутоа, видео кое го сними еден љубител на суперспортски автомобили, ја открива вистината.

Имено, сопственикот на автомобилот, кој ставаше гориво покрај паркираниот Huracan, заборави да го извади цревото од резервоарот на своето возило, во моментот кога се упати да ја плати сметката.

Цревото се откина од апаратот и го испрска со бензин задниот дел од автомобилот, каде се наоѓа моторот, кој веќе бил загреан од возењето, па набргу изби пожар.

Пожарникарите, кои набргу стигнаа, успеаја да го угасат пожарот и да спречат поголема трагедија, но за синото Lamborghini веќе беше прекасно – автомобилот целосно изгоре. За среќа, во пожарот немаше повредени.

Yes, that was myself and my friend with the two Lamborghinis at the gas station last night. We were out driving for a bit and I needed to go get gas. The blue Lamborghini pulled up right behind me. He decided to go in to get us waters and while I was trying to pay for my gas at the pump there was a card error, so I also went inside. As soon as we walked in, we saw a massive fireball out the window. We all ran out of the gas station to the other side of the road. At this point, we had no idea what happened or who’s car(s) were on fire. We dialed 911 and when the fire was out you could see that his car was completely burned down, ours just covered in ash. While talking to police and firefighters a man ran up and said he saw what happened. He was recording the cars to show his friends and caught a guy driving off with a gas pump still in his car. The pump sprayed fuel directly into the Huracan’s engine bay and it instantly ignited. Police found the guy that did it and everything will be taken care of. Just thankful we all got away safe and it didn’t escalate into a bigger fire. Video of the van – swipe left

A post shared by Parker Gelber (@parker.exotics) on

Инаку, двата Lamborghini, кои се сретнаа на бензинската во моментот на инцидентот, а се гледаат на видеото, се учесници на ревијална трка „Goldrush“.

Ова ревијално возење низ Америка започна во Бостон на 22 јуни, а целта беше во Лас Вегас, изминатиов викенд.

Моделот Huracan Performante, дебитираше на саемот на автомобили во Женева во 2017 година. Овој автомобил за погон користи 5.2 литарски V10 мотор со 631 коњски сили. Од 0 до 100 километри на час забрзува за само 2,9 секунди.

Почетната цена на овој модел во САД изнесува 274.390 долари.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here