Од 4. до 14. октомври годинава во француската престолнина Париз ќе се одржи овогодинешниот саем за автомобили Париз 2018 (Mondial de l’Automobile).

Иако во изминатите месеци многу производители објавија дека нема да учествуваат на овој саем, и под знак прашање беше одржувањето на истиот, сепак дел од овие производители не само што се предомислија туку ќе претстават и бројни новитети.

Во центарот на вниманието ќе бидат француските производители. Така DS ќе го претстави концептот X E-Tense како и DS3 Crossback. Citroen покрај новата генерација на Berlingo која дебитираше на саемот во Женева, саемска премиера во Европа ќе има и C5 Aircross. Третата гордост на PSA Групацијата, Peugeot на овој саем ја закажа светската премиера на 508 SW.

loading...

И BMW Подготвува една премиера. Станува збор за моделот Z4 кој веќе неколку месеци интензивно се најавува, а тука ќе биде и новата серија 8 како и X5. Нивниот германски ривал Audi, на овој саем големо внимание ќе посвети на новиот A1, како и моделите А6 Avant, Q3 и Q8.

Премиерата на овој саем ќе ја има и Seat Tarraco како и моделските изведби на Skoda, Karoq Scout и Karoq Sportline.

Големо внимание на овој саем дефинитивно ќе предизвика и штандот на Mercedes, пред се поради премиерата на EQ C – најновата креација на германскиот производител кога се во прашање електрифицираните автомобили.

Image result for Mondial de l'Auto 2018

Додека најголемиот дел од азијските производители најавија отсуство на овој саем, во центарот на вниманието ќе биде Toyota која ќе настапи со моделите Auris и Supra, а нивниот премиум бренд, Lexus, ќе го настапи со моделите LC и ES.

Ова секако е само мал дел од она што ќе ни биде “сервирано” на последниот голем саем за автомобили оваа година, а екипата на 24auto во целост ќе ви ги пренесе сите возбудливи моменти од еден од најголемите саемо за автомобили во светот.

Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here