Ферари уште еднаш демонстрираше дека има посилен мотор од Мерцедес, Кими Раиконен и Себастијан Фетел го запоседнаа првиот ред во Монца за огромна радост на тифозите.

По трката во Австрија, Ферери значително го подобри својот мотор, сите во Формула 1 се чудат како тимот од Маранело успеа да направи толку голем скок во перформансите. Среќата не беше на страната на Ферари во Германија и Унгарија, дождот му донесе победа на Мерцедес, но затоа пак Фетел славеше во СПА, патека на која „Сребрената стрела“ доминираше изминативе години.

Дека Ферари за прв пат го има најдобриот мотор откако започна новата ера со турбо полначи потврди и денешната трка за ГН на Италија. Мерцедес исто така доминираше во Монца изминативе години, но сега Кими Раиконен и Себстијан Фетел го запоседнаа првиот ред, за прв пат по 2000 и за големо славје на тифозите.

loading...

Финецот во последниот брз круг постигна време од 1:19.119 што е нов рекорд во Монца но и најбрз круг во историјата на Формула 1. Себастијан Фетел иако беше побрз од својот тимски колега цел викенд, кога беше најпотребно имаше време само за второто место.

Луис Хамилтон, кој беше на провизорната пол-позиција по првите брзи кругови на крајот заврши како трет, додека пак Валтери Ботас беше далеку од битката за врвот со половина секунда заостанување.

Помеѓу најбрзите десет уште се најдоа и Макс Верстапен, Роман Грожан, Карлос Саинц, Естебан Окон, Пјер Гасли и Ленс Строл.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here