Научниците тврдат дека би можеле да создадат жив диносаурус и тоа за само пет до 10 години, инспирирани од генетските истражувања на палеонтологот д-р Алан Грант – протагонист од франшизата “Jurassic Park”. Д-р Џек Хорнер, кој работел како консултант на сите четири филмови од серијалот, верува дека одговорот на таа можност лежи во – пилињата.

Во раните 90-ти години од минатиот век, кога Хорнер бил советник на Стивен Спилберг, научниците претпоставувале дека клуч за можно повторно создавање на праисторискиот вид е ДНК од диносаурусите. Меѓутоа, понатамошните проучувања на остатоците на ДНК покажале дека тие се деградирале, поради што првобитната претпоставка била отфрлена.

loading...

Науниците од Харвард и Јејл оттогаш се свртеле кон постапка на обратна еволуција, односно мутирање на денешните пилиња наназад до нивните праисториски корени.

“Секако дека птиците се диносауруси, ние само треба да ги “поправиме” за повеќе личат на нив”, изјавил д-р Хорнер за списанието “People”.

Тој навел четири главни разлики помеѓу диносаурусите и птиците. Тоа се опашките, горните и долни екстремитети и устата.

Хорнер со својот тим веќе работел на измени на одредени елементи во генетиката на пилињата, манипулирајќи со генетиката на нивните ембриони. Со обратен инженеринг, тој успеал да создаде пилиња кои наликуваат на велоцираптор, меѓутоа вели дека крилјата и нозете ќе биде многу потешко да се развиваат.

“Опашката е најзначајниот дел од проектот. Сепак, во последно време успеавме да постигнеме нешто што ни дава надеж дека таа работа нема да трае уште долго”, додава тој.

Овој вид генетски инженеринг се прави во ембрион кој почнува да се формира. Научниците користат генетички маркери за да ги идентификуваат моментите кога одредени гени се “вклучуваат” и “исклучуваат”.

“Одредувајќи ги моментите кога определени гени се “исклучуваат” и “вклучуваат”, можеме да сфатиме дека опашката почнува да се развива. Ние сакаме да го “поправиме” генот кој го спречува опашот да расте и да се развива”, вели научникот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here