По повод Денот на планетата Земја, Apple на своите корисници се обиде на што е можно поедноставни начини да им овозможи рециклирање на старите уреди и да направи нешто добро за Земјата.

Apple го претстави роботот Daisy – специјализиран робот за расклопување и рециклирање на старите модели на Ајфон. Станува збор за робот кој е наследник на Liam роботот кој што ги рециклираше Ајфоните од 2016-та година.

Новиот робот е сместен во фабриката во Остин и негова задача е да ги расклопува старите модели на телефоните на Apple и од нив да ги избере квалитетните елементи кои што може да се рециклираат и повторно да се употребат.

loading...

Daisy може да расклопи девет модели на Ајфон и тоа со брзина од дури 200 телефони на еден час. Apple во иднина планира да постави повеќе вакви роботи на различни локации ширум САД.

Засега корисниците на стари модели на Ајфон ќе можат да ги рециклираат овие уреди преку GiveBack програмата во продавниците на Apple или преку интернет страницата на Apple, а американската компанија за секој уред кој ќе го рециклира на ваков начин ќе донира пари во Conservation International.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here