Илјадници луѓе во Шведска ставиле микрочипови во нивните тела што можат да функционираат како бесконтактни кредитни картички, па дури и како картички за железници. Откако чипот е ставен под кожа, повеќе нема потреба да се грижат за губење на картичката или да носат тежок паричник. Но за многу луѓе идејата за носење микрочип во нивното тело е повеќе дистописка отколку практична.

Некои велат дека силната социјална благосостојба на Шведска е причина за овој неодамнешен тренд. Но, всушност, причините што стојат зад тоа зошто околу 3.500 Швеѓани имаат микрочипови имплантирани во нивната кожа се посложени отколку што можете да очекувате. Овој феномен ја рефлектира уникатната биохакерска сцена на Шведска. Ако погледнете под површината, љубовната врска на Шведска со сите работи што се дигитални е многу подлабока од овие микрочипови.
Терминот биохакери се однесува на оние биолози аматери што спроведуваат експерименти во биомедицината, но го прават тоа надвор од традиционалните институции – како што се универзитетите, медицинските компании и другите научно контролирани средини. Исто како компјутерските хакери, биохакерите хакираат сѐ што е биолошко.

Биохакирањето исто така е култура, и тоа разновидна, со многу различни подгрупи – сите со различни видови интереси, цели и идеологии. Но во рамките на оваа разновидност постојат две главни групи: „мрежни хакери“ и трансхуманисти.

Мрежните хакери градат лабораториска опрема од апарати за домаќинство. Тие ја спроведуваат таканаречената „едноставна наука“ каде што наоѓаат евтини решенија што ќе го подобрат животниот стандард за луѓето во земјите во развој. Исто така, тие прават експерименти каде што растенијата се генетички модифицирани за да станат флуоресцентни или алгите се користат за да се направи нов вид пиво.

loading...

Другата група се трансхуманистите, кои се фокусираат на подобрување на човечкото цело, а нивната долгорочна цел е да ја подобрат човечката раса. Само преку подобрување на себеси и избегнување на биолошките граници луѓето ќе можат да се натпреваруваат со вештачката интелигенција во иднина.

Европските биохакери се разликуваат од нивните колеги од Северна Америка. Северноамериканските биохакери се занимаваат со развој на алтернативи на воспоставените здравствени практики. Европските групи, во меѓувреме, повеќе се фокусираат на изнаоѓање начини за помагање на луѓето во земјите во развој или ангажирање во уметнички биопроекти. Но шведската биохакерска култура се разликува од остатокот од Европа. Шведските биохакери обично се дел од трансхуманистичкото движење.

Но зошто Швеѓаните се толку среќни што ставаат микрочипови во нивните тела? Една теорија укажува дека Швеѓаните се повеќе склони да ги споделуваат своите лични податоци поради начинот на кој е структуриран шведскиот систем за социјално осигурување.

Овој мит за „наивниот Швеѓанец“, кој невино им верува на владата и на шведските национални институции, е претерување. Ако е дел од објаснувањето, дефинитивно не е целата вистина. Поубедлив е фактот дека во Шведска луѓето имаат силна верба во сите дигитални работи. Шведскиот народ длабоко верува во позитивниот потенцијал на технологијата.

Во текот на изминатите две децении шведската влада инвестирала многу во технолошката инфраструктура – и тоа се покажува. Шведската економија сега во голема мера се базира на дигитален извоз, дигитални услуги и дигитални технолошки иновации. И Шведска стана една од најуспешните земји во светот во создавањето и извозот на дигиталните производи. Значајни компании, како „Скајп“ и „Спотифај“, биле основани во Шведска.

Верувањето во дигиталната технологија и довербата во нејзиниот потенцијал силно влијаеле врз шведската култура.

И додека светот изразува шок за луѓето што ставаат микрочипови во Шведска, треба да се искористи оваа можност за подлабоко да се истражува извонредната врска на Шведска со сѐ што е дигитално. Впрочем, овој најнов феномен е само една манифестација на основната верба во технологијата, што ја прави Шведска сосема уникатна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here