Доколку Хрватска ја победи Франција и стане светски првак, на евентуалниот дочек во Загреб в понеделник фудбалерите нема да можат да го покажат оригиналниот пехар.

В недела, околу 19, најдоцна до 20 часот ќе го дознаеме 21. светски фудбалски првак. Односно, 12. сопственици на пехарот кој во 1974 година го замени трофејот наречен „Жил Риме“, а кој замина во историјата и во трајна сопственост на Бразил.

Колку вреди пехарот?

loading...

Трофејот што го освојува победникот на светското првенство не е секогаш ист. Оној што го знаеме се доделува од 1974 година и на Светското првенство во СР Германија, а прва го освои токму Западна Германија.

Во 1970 година ФИФА донесе одлука за замена на трофејот. На адреса на организацијата пристигнаа 53 предлози, а победата ја однесе италијанскиот уметник Силвио Гацанига. Трофејот е висок 368 милиметри, изработен е од 18-каратно злато и тежи 6.142 грама. Проценетата вредност на пехарот е неверојатни 11 милиони евра.
Колку долго пехарот би бил во Хрватска?

За разлика од првиот трофеј, кој по три освоени финалиња се доделувал во трајна сопственост, новиот пехар многу кратко е во сопственост на светските прваци. По завршувањето на финалето, трофејот на церемонијата на прогласување на победникот им се доделува на светските прваци, а потоа следува гравирање на името на државата што го освоила.

Меѓутоа, набрзо потоа трофејот ѝ се враќа на ФИФА, која го испраќа во Падерно Дуњано, град во близина на Милано, каде што се изработува реплика која оди кај прваците, додека оригиналот се чува во музејот на ФИФА.

Значи, ако Хрватска в недела стане светски првак, единствената шанса да го допрат и кренат оригиналниот пехар ќе ја имаат играчите.

Во Загреб и евентуално во другите хрватски градови би пристигнала само негова реплика.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here