Што чудна (фудбалска) земја ќе бевме. Скоро 30 години не можеме да стасаме до пласман на едно Европско, клупскиот фудбал ни е тиња, женскиот како да не постои, а сепак имаме велемајстори. Прво Аце, а сега Наташа и тоа два пати. Директно од корнер.

Наташа Андонова е нашиот најголем женски фудбалски бисер кој на два натпревари по ред во дресот на Барселона успеа да постигне 5 гола.

Во полуфиналето од Купот на Каталонија за само 13 минути блесна со хет-трик, а синоќа постигна уште два гола во финалето кое Барса против Еспањол го доби со 7:0.

loading...

Головите на нашата најдобра фудбалерка се на 0:33 и 0:55:

24 годишната Андонова потпиша за Барселона во јуни минатата година, а претходно настапуваше за ПСЖ.

Првиот гол од корнер го постигна минатата сезона против Валенсија, а претходно тоа му успеа на Артим Шаќири против Англија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here