Возењето низ тунел се разликува од возење на отворен пат. Тоа има свои законитости кои се зададени со динамиката на возење ( забрането е возење во рикверц, вртење или полукружно вртење, запирање или паркирање на сообраќајните леннти. Проблем со адаптација на окото на нивото на осветлување на тунелито при влез или при излез, одржување на прописно растојание од возилото напред, строго придржување на брзината на возењето, која во правило е пониска од ограничувањето на брзината на патот по кој возите).

Во тунелите каде што постои по една сообраќајна лента за секој правец најстрого е забрането да се претекнува.

Кај тунелите со два правци односно со три прометни ленти (2+1), претекнувањето е дозволено само во оној правец каде постојат две паралелни ленти, доколку не е поинаку одредено со сообраќајните знаци.

loading...

Секој тунел, без оглед на тоа дали се вбројува во категоријата на кратки, средно долги или долги тунел е најавен со сообраќаен знак за опасност. Затоа респектирајте ја таа опасност и веднаш без размислување почнете да ја смалувате брзината, а не наедна. Уверете се, дали го прават тоа и возачите зад вас. Ако оцените дека не ја смалуваат брзината тогаш вклучете ги сите трепкачи и така предупредете ги.

Морате во многу кратко време да ги воочите сите информации и знаци на влезот од тунелот (бројот на ленти за возење, дали се двози еднонасочно или двонасочно, ограничувањето на брзината…). Во долгите тунели подесете го радиото на радио станицата која е препорачата бидејќи само неа можете да ја „фарите“, а на таа радио станица секако се даваат важни информации за прометот на сообраќајот.

На влезот на тунелот симнете ги наочарите за сонце ако сте носеле. Исклучете ги брисачите ако сте возеле по дожд, а доколку сте возеле со долги светла вклучете кратки. Затворење ги прозорите и исклучете го доводот на воздух однадвор поради можност на многу лош воздух во тунелот. Вклучете климатизација или проветрување за да не ви се случи нагло замаглувње на стаклата. Не пушете и не користете мобилен телефон.

Придржувајте се на прописно растојание. При излезот од тунелот повторно ставете ги наочарите за сонце доколку надвор е сончев ден. Не забрзувајте веднаш на излезот од тунелот. Прво очите нека ви се навикнат на поинтензивна светлина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here