Google неодамна ја ажурираше својата Chrome мобилна апликација за Android што на сите корисници ќе им донесе побрзо вчитување на видеата, помала потрошувачка на батеријата и до 50 проценти помало трошење на мобилниот интернет.

„Подобрувањата што ги носи Chrome во оваа верзија најмногу ќе се забележи на кратките видеа“ – изтакнуваат од Google.

Брзината на вчитување на страниците е значително подобрена, па додека за истиот видео запис на претходната верзија на Chrome и требаа минута и 13 секунди да се вчита, на новата и требаат само девет секунди.

loading...

Една од опциите за помало трошење на мобилниот интернет може да се вклучи од делот за прилагодувањата (Settings>Data Saver>On) и на тој начин може да се сочуваат и до 50 проценти од сообраќајот на податоци.

Од Google советуваат да се преземе најновата верзија на Chrome за Android, а оние што не ја користат можат да ја преземат од Google Play продавницата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here