Нормално дека е во ред да сте самокритични, но никако не претерувајте, бидејќи тоа би можело многу негативно да се одрази на вашето мислење за себе.

Еве што можете да направите за да се чувствувате подобро и да имате подобро мислење за себе.

Прекинете постојано да се критикувате себеси

loading...

Ако се критикувате себеси кога ќе се погледнете во огледало, или кога ќе направите некоја грешка, сигурно ќе се чувствувате лошо.

Претераната самокритичност, велат експертите, често е и последица на преголемите очекувања од родителите. Ако сте самокритични, многу е веројатно дека во текот на годините сте ги „собирале“ сите евентуални критики кои други лица ви ги упатувале, и сега ги користите против себе.

Погледнете наназад на својот живот и размислите дали има нешто што треба сами на себе да си го простите, но тоа решете го еднаш за секогаш и одлучете да станете „слободни“, односно да изградите подобро мислење за себе. Всушност, сите прават грешки, прифатете го тој факт.

Побегнете од перфекционизам

Перфекционизмот е навика со која се гордеат многу луѓе. Тие сметаат дека е одлично да се биде перфекционист и дека е тоа исто како да се стремите кон успех.

Перфекционистите постојано се бранат и оправдуваат кога некој ќе ги критикува, бидејќи поради тоа се чувствуваат ужасно лошо.

Ако и вие сте влегле во „замката“ наречена перфекционизам, обидете се малку да се опуштите, согледајте кои грешки ги правите секојдневно и обидете се да научите нешто од нив.

Дозволете си да правите грешки, не е крај на светот ако прескокнете еден тренинг или ако побарате помош кога ви е потребна. Не морате се сами и не морате во секој момент да бидете „совршени“ во се.

Престанете постојано да им задоволувате во се на останатите

Луѓето кои се обидуваат да им задоволат во се на останатите, најчесто и успеваат во тоа, но на тој пат неретко забораваат на себе и своите потреби.

Една од особините на лицата кои го прават ова е навиката често да го користат зборот „да“ и тогаш кога попрво би рекле „не“, а тоа не е никако добро за нивното ментално здравје, бидејќи постојано прават работи кои не ги сакаат.

Многу е важно да поставите граници и да бидете искрени во врска со своето однесување и во ситуациите кои ве мачат. Погледнете како постојаното задоволување на други влијае на вас и јасно кажете им дека тоа нема повеќе да го правите.

Не споредувајте се со други

Кога ќе видите фотографија од свој пријател, колега или некоја позната личност, веднаш почнувате да правите споредби со вас? На тој начин се убедувате и себеси дека таа личност има нешто што вие го немате, дека вие никогаш нема да бидете такви или дека нема да изгледате така, а поради целото тоа се чувствувате лошо во сопствена кожа.

За да се изборите со овој негативен став кон себе, направете листа од вашите добри особини, успеси и достигнувања. Со тоа ќе се поттикнете себеси да бидете горди на себе.

Во однос на тоа дека социјалните мрежи исто така можат да се одразат на самодовербата, експерти советуваат да престанете да ги следите лицата поради кои се чувствувате лошо.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here