Повеќе од 1200 жители живеат на површина помала од еден квадратен километар, тогаш зошто го нарекуваат рај на Земјата?

Добредојдовте во Санта Круз дел Ислоте, најгусто населениот остров на планетата. Лавиринт од шарени улички и дворови кои поврзуваат 90 куќи, две продавници, еден ресторан и едно училиште кои се изградени едни до други се до крајбрежјето.

Нема ниту доктори, ниту постојано снабдување со вода и само еден единствен генератор кој функционира само пет часови во денот. Населението се бори постојано за државата да им ги обезбеди основните потреби за живот. Но покрај овие предизвици, повеќето жители на Ислоте не ни помислуваат да си заминат.

loading...

„Животот овде е мирен и прекрасен. Немаме насилство, не ни треба полиција, сите се познаваме и уживаме во ваквиот начин на живот”, вели потомокот на основачите на Ислоте.

Според легендата пред околу 150 години, мажите од крајбрежниот град Бару, кој се наоѓа на околу 50 километри, го пронашле Ислоте додека барале нови места за риболов. За разлика од другите девет острови во околниот архипелаг, Ислоте немал комарци поради својата местоположба и така решиле тука да се постават.

„Таа ноќ толку мирно спиеле, што посакале да останат”, вели Гилермо Кандалес, 40 годишниот чувар на островот на кој нема криминал. Кандалес е вработен од колумбиската влада како дел од единствената служба што ја обезбедува државата – училиште кое е посетено од околу 80 деца. Колумбискиот закон бара секое училиште да има чувар, но според учителот децата сами се одржуваат во ред.

Островјаните зависат од постојаниот проток на туристи, патувајќи по 90 минути од копното до соседните острови во архипелагот. Многу од нив работат во ексклузивно одморалиште на соседниот остров Мукура, каде нудат риболов, нуркање или тури. Останатите ги носат рибите од дневниот лов во ресторани и добавувачи на копното.

Но и покрај овие тешки услови и тесни граници, луѓето го сметат овој остров за рај. Очигледно не е потребно многу да си среќен и задоволен, зависи само како гледаш на нештата во животот.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here