Судијата Џунејт Чакир од Турција ќе го води полуфиналниот меч на Светското првенство помеѓу Англија и Хрватска.

Средбата, која се игра утре, 11 јули, на стадионот „Лужники“ во Москва, ќе биде трета за Чакир на ова првенство.

Тој го водеше натпреварите во групната фаза Аргентина – Нигерија и Иран – Мароко.

loading...

Чакир (41) е познат како нефлексибилен следач на правилата и поради тоа на своето конто носи неколку контроверзни одлуки од неговото инетрнационално деби во 2006 година.

Познат е по неговата непоколеблива строгост и дава по околу 4 жолти картони по натпревар.

Неговата речиси фанатична посветеност на правилата на играта е заслужна што кај него нема шанси да помине неказнет пенал. Според податоците на Turkish-Football.com, Чакир дели во просек 4,1 жолти картони, 0,21 црвен и досудува 0,27 пенал по натпревар.

Најславниот момент во неговата кариера е контроверзниот црвен картон за крилниот играч на Манчестер Јунајтед Нани во натпревар од Лигата на шампиони против Реал Мадрид во март, 2013 година. Исклучувањето на еден од најдобрите играчи на Јунајтед без сомнение беше причина зошто натпреварот заврши нерешени. Јавноста бурно реагираше, а фановите на Јунајтед му упатија и смртни закани на Чакир.

На минатиот Мундијал тој стана првиот турски судија на Светското првенство по 40 години.

Кога не е на фудбалскиот терен тој работи во компанија за осигурување, а официјално станал судија во 2001 година.

Во 2013 година беше рангиран на петтото место на листата најдобри судии на светот според The International Federation of Football History and Statistics.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here