Глобалната потрошувачка за одбрана во 2017-та година пораснала на највисоко ниво од Студената војна, а на врвот сега се наоѓаат САД, Кина и Саудиска Арабија, објавија од Стокхолмшкиот меѓународрен истражувачки институт за мир (SIPRI).

Од “SIPRI” проценуваат дека глобалната потрошувачка за одбрана во 2017-та година изнесувала вртоглави 1,73 билиони долари, што е за 1,1% повеќе од 2016-та година. Тоа изнесува околу 230 долари по човек.

Американците потрошиле најмногу – 610 милијарди долари, а тоа не се променило во однос и на претходната година. Станува збор за повеќе од една третина од глобалната потрошувачка за одбрана.

loading...

На второто место е Кина – властите од Пекинг за одбрана потрошиле 228 милијарди долари и според “SIPRI”, кинескиот удел во глобалната потрошувачка за одбрана се зголемил од 2008-ма година за 13%.

Саудиска Арабија ја претекна Русија и се искачи на третото место со потрошени 69,4 милијарди долари во 2017-та година. Блискиот исток е регион во кој што потрошувачката за одбрана има најголем удел од БДП-то, односно преку 5%.

Потрошувачката на Русија паднала за една петина во однос на 2016-та година, на 66,3 милијарди долари. Според “SIPRI”, тоа се должи на падот на цената на нафтата. Индија на петтото место ја претекна Франција со 64 милијарди долари потрошени за одбрана, а според “SIPRI”, вкупната потрошувачка на овие 5 земји изнесува 60% од глобалната потрошувачка за одбрана.

Кога станува збор за Европа, тогаш на Стариот континент му се припишува една петина од глобалната потрошувачка, а четирите европски земји од 15-те најголеми потрошувачи на светот се Франција, Велика Британија, Германија и Италија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here