Потпретседателот и легенда на Јувентус, Павел Недвед, наводно се обидел да се пресметка со судијата Феликс Брих, кој му даде директен црвен картон на Кристијано Роналдо во победата на Јувентус кај Валенсија (0-2)  во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Недвед се обидел да го нападне арбитарот кој ја исклучи ѕвездата на италијанската екипа во 29. минута, по еден дуел со дефанзивец на Валенсија.

loading...

Италијанските медиуми пишуваа дека Недвен бил бесен на судијата и заедно со уште двајца директори на клубот се обиделе да се пресметаат со Брих на полувремето.

Се шпекулира дека судиите по завршувањето на првите 45 минути веднаш заминале во соблекувалната и не одговарале на протестите на претставниците на Јувентус.

Тренерот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри, кажа дека ВАР-технологијата би помогнала во овој случај.

Инаку, за Роналдо ова беше првиот црвен картон во Лигата на шампиони и поради него најверојатно ќе мора да пропушти три натпревари и нема да му се исполни сонот да заигра против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here