Постојат некои сообраќајни правила кои малкумина ги знаат, а може скапо да ги чинат граѓаните.

Според законот за прекршоци, книшката за казнени поени е задолжителен документ.

loading...

Законот за прекршоци предвидува парична казна од 100 евра или 40 мандатни поени за не носење на возачка дозвола, а со истата казна е регулирано и доколку возачот нема во автомобилот книшка за казнени поени.

Според законот од 2007-та година кој тогашната власт на Никола Груевски на просечни плати од 200 евра им наметна казни и до 500 евра, како олеснителна околност и алтернатива на високите казни за поблаги прекршоци беа и можните негативни поени кои се впишуваа во книшката.

Ако возачот за период од последните 3 години постигне или надмине 100 негативни бодови во сообраќајот на патиштата, полицискиот службеник ќе достави барање за поведување на прекршочна постапка до судот заради изрекување на прекршочната санкција – престанок на важење на возачката дозвола.

За прекршоците, со кои е предвидено изрекување на мерка забрана на управување со моторно возило, полицискиот службеник ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here