Машката ракометна репрезентација ги доби противниците на Светското Првенство што во јануари следната година ќе се одржи во Германија и Данска. Избраниците на Раул Гонзалез се најдоа во тешката група Б и ќе играат против европскиот првак Шпанија, како и против Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија.

Македонските репрезентативци во прелиминарната фаза ќе играат во Минхен, а доколку се пласираат на едно од првите три места продолжуваат во главната фаза од Мундијалот, каде што ги чекаат уште три меча во Келн.

Група А (Берлин – „Мерцедес Бенц Арена“)
Франција, Русија, Германија, Србија, Бразил, Кореја

loading...

Група Б (Минхен – „Олимпијахале“)
Шпанија, Хрватска, МАКЕДОНИЈА, Исланд, Бахреин, Јапонија

Група Ц (Хернинг – „Јуске Банк Боксен Арена“)
Данска, Норвешка, Австрија, Тунис, Чиле, Саудиска Арабија

Група Д (Копенхаген – „Ројал Арена“)
Шведска, Унгарија, Катар, Аргентина, Египет, Ангола

Шампионатот ќе се игра од 9 до 27 јануари, a Берлин, Минхен, Хернинг и Копенхаген ќе бидат домаќини на дуелите од прелиминарната фаза. Во главната фаза, натпреварите ќе се играат во Келн и Хернинг, додека полуфиналињата ќе бидат одиграни во Хамбург, а финалето во Хернинг.

Ова ќе биде шести настап за Македонија на Светските шампионати, а четврти по ред. Најдобриот пласман го имавме во Катар 2015 година, деветтото место, додека на последниот Мундијал во Франција го освоивме 15. место.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here