Манчестер Јунајтед повторно е прогласен за најскап европски фудбалски клуб, со вредност од 3,25 милијарди евра, соопшти групацијата за бизнис услуги KPMG.

Англискиот клуб се најде на врвот на листата според „вкупна бизнис вредност“, пред Реал Мадрид и Барселона.

Истражувањето спроведено од 2015 до 2017 година ги опфати профитабилноста, правата за емитување, популарноста, спортскиот потенцијал и вредноста на стадионот на клубот.

loading...

Во анализата беа истражувани 32 тимови, а шест клуба од Премиер лигата се најдоа меѓу десетте најскапи.

Андреа Сартори, шеф на одделот за спорт и автор на студијата на KPMG, рече дека вкупната вредност на фудбалската индустрија се зголемила во изминатава година.

„Вкупниот раст се должи на три фактори, а еден од нив е зголемувањето на оперативниот приход на клубовите од 8%“, рече тој.

Топ 10 листата на најскапи клубови во Европа изгледа вака:

Манчестер Јунајтед  – 3,255 милијарди евра

Реал Мадрид –  2,92 милијарди евра

Барселона – 2,78 милијарди евра

Баерн Минхен – 2,55 милијарди евра

Манчестер Сити – 2,16 милијарди евра

Арсенал – 2,10 милијарди евра

Челзи – 1,76 милијарди евра

Ливерпул – 1,58 милијарди евра

Јувентус – 1,30 милијарди евра

Тотенхем – 1,29 милијарди евра.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here