Лионел Меси постигна гол од слободен удар против ПСВ во 32. минута од мечот во првото коло од Лигата на шампионите.

Меси навести уште една сјајна сезона, а голот против ПСВ донесе нови рекорди за него. Кога и да постигне гол Аргентинецот, тогаш се појавуваат и нови факти за него.

loading...

Откако ја затресе мрежата на гостите од Холандија, Меси сега на својата листа на жртви има вкупно 179 различни голмани против кои постигнал гол!

Освен тоа, ПСВ е 30-тиот различен тим во најелитното клупско натпреварување на кого Меси постигнал погодок. Исто така, по Раул, тој е вториот играч во историјата на ЛШ кој постигнал гол во 14 последователни сезони.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here