Институциите без одговор за трошењето на функционерите. Министерствата за правда и економија не одговараат на барањата за пристап до информации од јавен карактер и по изминувањето на законски предвидениот рок од 30 дена.

Телевизија 24 испрати барања до двете министерства, за висината на трошоците на министерот за економија Крешник Бектеши и на министерот кој е во заминување од правда Билен Саљији.

Барањата за пристап до информации од јавен карактер беа испратени во двете министерства на 30 март, а иако од економија првично ни најавија дека ќе ни бидат доставени информациите кои ги баравме, сепак и по изминување на законски предвидениот рок нема одговор зошто информациите не се доставени. Од правда пак, тврдат дека пожарот кој избувнал во зградата ги одолговлечил работите.

loading...

Според алатката за отчетност на јавните функционери која ја објави владата, министерот Бектеши, за шест месеци, минатата година направил сметка од 14 илјaди евра само за угостителски услуги во земјата и странство. Од нив, 7.300 евра биле во надворешни угостителски објекти во земјава, 5.100 евра биле во мензи и бифеа во рамки на институтициите, додека 1.500 евра во ресторани во странство.

Бектеши во таа прилика се правдаше дека податоците од алатката не се точни, а трошоците за репрезентација се направени во бифето на министерството и не се само на министерот, туку за кафе, чај и вода на неговите соработници. На листата со највисоки трошоци според алатката се најде и министерот кој веќе неколку месеци е во заминување од правда, Билен Саљији. Според алатката Саљији имал трошоци од 12.000 евра трошоци за угостителски услуги, мензи, ресторани и бифеа во земјава и странство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here