Навивачот на Марсеј требаше само почесно да го изведе почетниот удар, но тој реши да ги искористи своите 30 секунди слава, не застана тука, тргна кон притивничкиот гол и ја затресе мрежата на Рен додека играчите од двата табора зачудено стоеа.
За перформансот да биде комплетен, тој откако постигна гол, почна да слави, го соблече дресот и на колена се лизгаше по тревата на големо воодушевување на публиката на Велодром.
Young Marseille fan was just supposed to kick it once… pic.twitter.com/RryFbymMS6
— Rick Metzroth (@MetzrothESPN) August 26, 2018
loading...