Професорите велат дека традиционалните часовници ќе бидат исфрлени од училниците, поради учениците кои можат да читаат време само од дигитален часовник. Дали младите имаат проблем да читаат време од аналоген часовник со сказалки?

Ова го тврдат професорите и предложуваат да се воведат дигитални часовници во училниците. Во весникот Тајмс, во категоријата образование, беше објавен извештај од конференцијата, каде професорите откриле дека на учениците им е потребен дигитален часовник за да дознаат колку е часот. Малком Трауб од Унијата на професори вели дека младите се навикнати да читаат време од дигитален часовник. Поради ова, училиштата одлучија да им помогнат, така што ќе им постават дигитални часовници во училниците за време на полагањето на нивните матури и испити за упис на факултет.

„За возрасните е потполно природно да користат часовник”, вели Трауб, заменик-генерален секретар на синдикатот.

loading...

Но, младите се навикнати да гледаат колку е часот во дигитален формат – на компјутери и мобилни телефони.

Businessmen and Clock

„На нив им е полесно да користат дигитален часовник – затоа што ако самите си го мерат времето кое им е потребно да одговорат на прашањата, помали се шансите да направат грешка ако поставиме дигитални часовници”, вели Трауб. „На пример, ако им требаат 15 минути за да одговорат на прашањето, ќе им биде полесно да гледаат на дигитален часовник, ако никогаш не користеле „старомодна” верзија”.

Не постои официјална препорака да се заменат аналогните часовници со дигитални, вели, но професорите зборуваат за тоа на социјалните мрежи. Еден од твитовите кој се издвојува е оној на професорката по англиски јазик “Г-ѓа Кинан”. Но таа во изјавата за Би-Би-Си, рече дека поставените дигитални часовници се расипале, и затоа старите аналогни часовници биле вратени.

Таа рече дека не е вистина дека повеќето ученици не знаат да читаат време на аналоген часовник, но дека тоа е проблем за одредена група ученици.

Таа рече дека на генерациите на дигиталната ера, аналогниот часовник ќе им стане анахронизам. Дали ова ќе биде доминантен тренд на испитите ова лето? Само времето ќе покаже.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here