Актуелниот европски шампион Вардар доби шанса по да ја брани европската титула на фајнал-форот во Келн, откако вчера во една страшна драма во „Јане Сандански“ излезе како победник од двомечот со крајно незгодниот германски противник.

,,Црвено-црните” благодарение на одличното издание кое го имаше на двата меча против Кил успеа да се пласира во завршницата од елитното натпреварување, каде како одлучувачки се покажа голот кој го постигна Македа во последната секунда од гостувањето во Германија, бидејќи вчерашниот трилер во „Јане Сандански“ заврши со резултат 27:28.

За прв пат спортскиот дом „Јане Сандански“ беше претесен и се бараше карта плус за да се присуствува на последниот натпревар одигран оваа сезона во оваа сала. Фановите на Вардар, уште еднаш се покажаа достојни и ги поддржуваа своите миленици на ниво кој би им позавидел секој. Поради тоа и го добија епитетот за ,,Навивачи на неделата”.

loading...

Како се навива, како се бодри и како се сака клуб, погледнете на овој ЛИНК.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here