Навикнавме на избор на најубави, најбогати, најскапи, најгостопримливи, но секако досега не сме сретнале листа со најдиви, односно најрасипнички градови на светот.

Под „див“ се подразбира град во кој луѓето водат необичен живот, одвај да се воздржуваат од какво било уживање. Страницата „MoveHub“ го истражувала ноќниот живот во 112 главни градови во светот, а важен извор на податоци биле „Yelp“ и „TripAdvisor“.

Титулата „најрасипнички“ град на светот ја понел градот Манчестер во Англија. Ако никогаш не сте биле во овој град, тогаш навистина ќе ви биде тешко да ја разберете оваа „ласкава“ титула.

loading...

Да ве упатиме подобро: градот е преполн (но без претерување) со првокласни ноќни клубови, а воедно е и зачетник на рејв-културата во деведесеттите години на минатиот век. Всушност, градот е победник во уште една категорија, односно е прв по употребата на канабис.

Таму има дури 818 клуба на 100.000 жители, а се консумираат 2,3 тони канабис секоја година.

Втор град на листата е Вашингтон, трет е Мајами, па Сиетл, Сан Франциско, Лидс, Денвер, Бостон, Париз и Лион.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here