Инстаграм потврди дека корисниците повеќе нема да може да видат ако некој направи „screenshot“ од нивната стори објава.

Претходно оваа година, Инстаграм предизвика паника меѓу корисниците откако започна да се тестира функцијата која им покажува на корисниците кога некој со снима нивното стори.

Кога корисник за првпат ќе се обиде да направи „screenshot“ од стори на некој следбеник добивал предупредување „Следен пат кога ќе ја снимате приказната, личноста која ја поставила тоа ќе може да го види.“

loading...

 

Во некои моменти, дел од корисниците веќе не ни добивале предупредување.

Сега компанијата одлучи да ја промени оваа функција, а на многумина нема да им биде мило да слушнат дека веќе нема да може да гледаат кој од нивните следбеници направил „screenshot“ од некоја нивна фотографија или видео. Сепак има и такви кои се радуваат дека нема да бидат откриени.

Една од најпопуларните социјални мрежи, Инстаграм воведува една наизглед мала, но значајна и за многумина корисници помалку загрижувачка новост.

Имено, во иднина сите фотографии кои се обработени во Фотошоп ќе бидат означени со воден печат. Така, секоја фотографија која ќе помине низ мноштво филтери ќе биде обележана како таква.

Со ова би можело да се загрозат кариерите на многу блогерки, старлети, па дури и познати ѕвезди.

Меѓутоа, постои доволно добра причина за ова. Имено, популарната социјална мрежа Инстаграм се одлучи за оваа мерка по предлог на експертите од здравствената организација “Royal Society for Public Health”, која неодамна оцениле дека “идеализирањето на фотографиите на јавните личности” има катастрофални последици врз самодовербата и самопочитта кај адолесцентите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here