Утре на пладне Регулаторна комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на бензините, кои ќе важат пополноќ. Останува да видиме дали нѐ чека  поскапување.

Поминаа речиси две недели по последната промена на цените на бензините. Со последната промена добивме намалување за 3,35%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалија за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 28.05.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

loading...

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 0,749 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.05.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 33,785 ден/кг.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here