Фотографиите кои се појавија на интернет од новиот модел на Huawei откриваат дека овој смартфон ќе има три камери на задниот дел, односно три леќи со можности за вештачка интелигенција (AI).

Huawei P20 е телефонот со кој оваа компанија има намера да се приклучи на пазарот како голем конкурент на Apple и Samsung на пазарот на смартфони.

Фотографиите се појавија на кинеската социјална мрежа Weibo, а на нив се гледаат три Leica леќи и две блиц-светла, додека на горниот дел од екранот го има популарниот изрез. Се претпоставува дека телефонот ќе биде достапен во црна и сина боја.

loading...

На повеќето фотографии кои се појавија како дел од рекламната кампања се појави и натписот „See Mooore with AI“, каде трите букви „o“ веројатно ги означуваат трите камери. Истиот натпис можеше да биде забележан и на поканите за конференција за медиумите, која ќе биде одржана на 27 март оваа година во Париз, каде Huawei ќе го претстави новиот P20. Сѐ уште не е познато какви AI можности ќе има Huawei P20 на камерата, но се претпоставува дека ќе има опција за фотографирање во услови со лоша осветленост, паметна технологија за препознавање на лица и препознавање на околината.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here