Јавното обвинителство сомничи еден од обвинетите во настаните од „крвавиот четврток“ дека имал намера да пука во актуелниот премиер, Зоран Заев.

-Еден од обвинетите се насочил кон Заев посегнал по пиштолот кој го носел, но не испукал кон пратеникот затоа што бил заштитен од обезбедувањето – изјавија од Обвинителството на денешната прес конференција на која информираа дека е поднесено обвинение против 30 лица.

Фокус претходно објави дека Заев, тој ден требало да биде убиен, за што постоел и снимен телефонски разговор меѓу двајца заговорници.

Запрена истрагата за Жаклина Пешевска, обвинителство не нашло докази против неа

loading...

Јавното обвинителство ја стопирало истрагата против пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, во врска со нејзиното учество во настаните од 27-ми април. Како што изјави денеска јавнио обвинител, Љубомир Јовески, не биле утврдени докази против неа.

-Во дејствијата не се утврдени елементи на сторено кривично дело, не се најдени докази. Запрено е понатамошното постапување против ова лице – рече Јовески.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here