Руските медиуми објавиле фотографии и стравични пораки од жртвите во пожарот во трговскиот центар во Кемерово, во кој починаа најмалку 64 лица од кои најголем број се деца.

Се стравува дека уште десетина деца кои се водат како исчезнати, починале во пожарот кој избувна вчера и зафати 1.600 метри квадратни.

 

Семејствата и пријателите на жртвите објавиле нивни фотографии на социјалните мрежи и бараат информации за исчезнатите. Огнот според првите информации избувнал во кино салата во горниот кат од трговскиот, а во кој се наоѓале најмногу семејства со деца.

loading...

„Кажи и мама дека ја сакав…“

Сергеј Москаленко (11) заврши во кома откако скокнал од прозор од горниот кат од зградата, а утринава е потврдено дека неговите родители починале во пожарот.

Мариа Мороз (13), која се наоѓала во киното за време на пожарот, му пратила порака на роднина „Во пожар сме. Изгледа ова е збогум од мене.“ Се стравува дека Мариа е почината.

Меѓу децата кои се водат за исчезнати се осум девојчиња на возраст од 11 и 12 години. Една од нив, Викторија Почанкин на својата тетка и пратила порака додека пламените јазици беснееле.

-Вратата е блокирана. Не можам да излезам, не можам да дишам. Тето, кажи му на целото семејство дека ги сакам. Кажи и мама дека ја сакав….“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here