Батеријата во оксфордското електрично ѕвонче е еден од најстарите активни експерименти.

Ѕвончето се наоѓа во лабораторијата „Кларендон“ на Универзитетот „Оксфорд“, а ѕвони веќе 178 години. Сепак, волтажата е толку ниска, што човечкото уво не може да го регистрира овој звук.

Ѕвончето се напојува од една единствена батерија, поставена во 1840 година.
Истражувачите не знаат од што е точно направена, а ѕвончето не го отвораат од страв да не го упропастат експериментот што би требало да утврди колку долго може да трае батеријата. Наместо тоа, може само да се види како нишалото осцилира од едната до другата страна.

Часовникот досега одѕвонил околу 10 милијарди пати, вели универзитетот.

loading...

Батеријата му припаѓа на видот „сув стуб“, што го измислил Џузепе Замбони на почетокот на 19 век. Ваквиот вид батерии се состојат од дискови со сребро, цинк, сулфур и други видови материи што произведуваат ниска електрична струја.

– Не сме сигурни од што е направена, но јасно е дека надворешниот слој се состои од сулфур – вели Еј Џеј Крофт, поранешен истражувач од лабораторијата „Кларентон“, кој во 1984 година го опишал ѕвоното во европскиот магазин по физика.

– Батериите на Замбони се состојат од околу 2.000 пара дискови на тенка фолија залепени на хартија со цинк-сулфат и прекриени на другата страна со манган-диоксид – додава тој.

Батеријата влезе во Гинисовата книга на рекорди како најиздржлива во светот. Претходните истражувања покажале дека најрано би можела да потекнува од 1925 година.

Никој не знае кога ќе се потроши.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here