Системот за складирање енергија на арената „Јохан Кројф“ има моќност од 3 MW и капацитет од 2,8 MWh, а со енергија може да снабдува илјада домаќинства.

Станува збор за моментално најголемиот систем за напојување со енергија во Европа, а е резултат на соработката помеѓу „Nissan“, „Eaton“, „BAM“, „The Mobility House“ и арената „Јохан Кројф“ со поддршка на Амстердамскиот фонд за клима и енергија (AKEF) и „Interrega“.

Системот користи нови и употребувани батерии од електрични возила на 148 возила Nissan Leaf со вкупен капацитет од 3 MW, кои служат за складирање на енергијата што ја генерираат 4200 соларни панели на покривот на стадионот. Притоа, овој систем претставува помошен извор на енергија, со што се намалува потребата за дизел-генератори и го намалува оптоварувањето на енергетската мрежа преку намалување на екстремната потрошувачка за време на концертите.

loading...

Хенк ван Раан, директор на одделот за иновации во арената „Јохан Кројф“, изјавил: „Благодарение на тоа, ’АренА‘ има сигурен пристап до значителни количини енергија, дури и во случај на прекин во работата на електричната мрежа. ’Јохан Кројф‘ е еден од најодржливите стадиони на светот и е предводник во подрачјето на паметните иновации како овој единствен систем за складирање енергија“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here