Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи вели дека неговиот тим не заслужил пораз од 3-1 бидејќи бил рамноправен противник со домаќинот, тој се надева дека може да ја анулираат негативата во Скопје

Шкендија го одигра првиот меч од дуелот со Розенборг, по првите 45 минути имаше негатива од 3-0, но на крајот со гол на Жуниор се избори за надеж дека на домашен терен може да дојде до потребната победа.

Македонскиот шампион не заслужи пораз од два разлика, играта ветува, а тоа му дава простор за оптимизам на Османи иако резултатот не е поволен.

loading...

„Одигравме рамноправно со Розенборг и мислам дека не заслуживме ваков пораз. Примивме наивни голови а не реализиравме убави шанси. Но сигурен сум дека имаме шанси во Скопје, голот на Жуниор ни дава надеж. Се надеваме дека ќе имаме голема поддршка од трибините и со помош на навивачите ќе дојдеме до посакуваниот резултат“, вели Османи.

Реваншот меѓу Шкендија и Розенборг се игра во четврток со почеток од 20:15.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here