Основачот на популарната мобилна апликација “WhatsApp”, 42-годишниот милијардер Јан Коум, објавил дека го напушта “Facebook”, кој ја купил неговата апликација пред четири години. Коум своето заминување го објавил токму на “Facebook”.

“Мина речиси една деценија откако Брајан Актон и јас го лансиравме “WhatsApp” и тоа беше чудесно патување со некои од најдобрите луѓе. За мене е време да продолжам понатаму”, напишал тој во статусот на својот профил на “Facebook”.

“Заминувам во време кога луѓето користат “WhatsApp” на повеќе начини од што можев да замислам. Тимот е посилен од било кога и ќе продолжи да прави чудесни работи. Ќе земам некое слободно време за да правам работи во кои уживам надвор од технологијата, како што се собирање на ретки автомобили “Porsche” со воздушно ладење, работење на моите автомобили и играње на ултимејт фризби”, додал основачот на “WhatsApp” и досегашен член на надзорниот одбор на “Facebook”, во необично искрената објава за еден корпоративен менаџер.

loading...

“И натаму ќе навивам за “WhatsApp”, само од надвор. Ви благодарам на сите кои ова патување го направивте возможно”, заклучил тој. Коум во 2014. година, кога својата компанија ја продал на “Facebook”, нагласил дека приватноста во комуникацијата на своите корисници му е многу важна.

 

“Почитувањето на приватноста во комуникацијата е кодирана во нашата ДНК и апликацијата ја направивме со цел за вас да знаеме колку е можно помалку”, напишал тогаш во својот блог.

Изгледа дека сега, соочен со скандалот околу кражбата и злоупотребата на податоци од страна на консултантската компанија “Cambridge Analytica” во која се нашла и неговата компанија, одлучил дека не сака да биде дел од овој контроверзен интернет гигант. Коум за заминување размислувал и минатата година, загрижен за количината на податоци кои “Facebook” ги собира за своите корисници.

Да потсетиме, соосоновачот на “WhatsApp”, Брајан Актон, неодамна поради скандалот со “Cambridge Analytica” кратко и јасно порачал: “Време е! Избришете го “Facebook””.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here