Русија е домаќин на 21-то Светско првенство, на кое заврши групната фаза од натпреварите и од утре започнува вистинската битка за трофејот, со првите елиминациски мечеви во – осминафиналето.

И додека денеска се собираат впечатоците од 48-те меча кои се одиграа во групната фаза, елиминацијата на светскиот првак, неочекувано бледите изданија на дел од фаворитите, статистичарите пресметуваа кој клуб е најзастапен на Мундијалите. И ако, на прва сите ќе помислат дека е еден од двата најголеми шпански великани Реал Мадрид и Барселона, сооглед дека најголемиот дел од сверските ѕвезди играле во овие клубови, или пак Баерн Минхен, кој од секогаш важел за „германска репрезентација“, која после Бразил има најмногу настапи на СП, сепак одговорот е поинаков.

Убедливо најзастапен клуб со играчи на Мундијалите е – италијанскиот великан Јувентус. „Старата дама“ на ова СП има 11 фудбалери, ама во историјата дала дури 128, нормално вклучувајќи ги и овие 11-мина во Русија. Зад Јувентус е Барселона со два фудбалери помалку – 126. Трет, пак, е уште еден италијански тим, Интер со – 122 играчи.

loading...

Во првите пет уште се и Реал Мадрид со 117 и минхенски Баерн со 106 играчи. Ако се гледаат лигите, интересно најубедлива е – англиската лига со 1.022 фудбалери, пред Серија А со 805 и Бундеслигата со 742 играчи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here