Шпанскиот брод „Сан Хосе“ што потонал во Карипското Море во близина на бреговите на Колумбија пред повеќе од 300 години, бил најден пред три години со помош на подводно автономно возило управувано од Океанографскиот институт WHOI, а веста беше објавена дури денеска.

„Не објавивме ништо во врска со откритието од почит кон колумбиската влада“, рече Роб Муниер, потпретседател на WHOI за морски објекти и операции.

Точната локација на „Сан Хосе“ кој често го нарекуваа „светиот грал на бродоломите“, долго време се сметаше за една од најголемите поморски мистерии.

The San Jose was reportedly found miles off of Colombia’s Caribbean coast, near Cartagena (marked).
loading...

„Сан Хосе“ потонал со 600 патници и членови на екипажот, како и товар со злато, сребро и смарагди, во битка со британски бродови во Војната за шпанското наследство на 8 јуни, 1708 година.

Богатството натоварено на бродот се проценува на 17 милијарди долари и е спорно во чија сопственост е. Право на него полагаат неколку држави и приватни компании.

Пред неколку недели УНЕСКО ја повика Колумбија да не врши комерцијално експлоатирање на најдениот потонат брод чија локација уште се чува како државна тајна.

Засега, богатството лежи недопрено на морското дно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here