Роберто Манчини постигнал договор со Италијанската фудбалска федерација и наскоро ќе биде именуван за нов селектор на репрезентацијата, пренесуваат италијанските медиуми.

Според италијанските медиуми, 53-годишниот Манчини ќе потпише двегодишен договор, вреден осум милиони евра, а негова главна цел ќе биде пласман на Европското првенство во 2020 година.

Официјална промоција на новата функција ќе има по завршување на сезоната со Зенит од Санкт Петербург, а ќе дебитира на 28-ми мај во пријателскиот меч со Саудиска Арабија.

loading...

Пред работата во рускиот премиерлигаш, Манчини ги водеше екипите на Фиорентина, Лацио, во два мандата Интер, Манчестер сити и Галатасарај.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here